Велиспедист настрада при судир со товарно возило кај Сопиште

38-годишен скопјанец кој возел велосипед повреден при судир со комбе „ивеко“ во скопско. 

- На 25.07.2026 во 14:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на патот село Сопиште - село Горно Соње, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ш.(31) од село Батинци, скопско и велосипед, управуван од М.Ј.(38) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информираа од МВР. 

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.