Велимир Смилевски повторно ќе се кандидира за градоначалник на Бутел

Актуелниот градоначалник на општина Бутел најави дека повторно ќе се кандидира на претстојните локални избори.

Велимир Смилевски на Фејсбук соопшти дека ја поднел својата кандидатура и притоа се заблагодарил на поддршката која ја добива од ОО СДСМ Бутел. 

Засега, тој е единствен предлог на ОО СДСМ Бутел. Досега нема други најави за кандидати од другите партии.