Велика Британија: Деведесетгодишна жена прва ја прими вакцината против Ковид-19

Маргарет Кинан, 90-годишна жена од Велика Британија е прва особа во светот што ја прими вакцината против новиот коронавирус на компанијата Фајзер и БиоНтек.

Кинан, која е од Северна Ирска, изјави дека е привилегирана бидејќи во Универзитетската болница во Ковентри ја прими првата вакцина.

Велика Британија нарача 40 милиони дози вакцина, доволни за помалку од една третина од населението, кое брои 67 милиони.

Велика Британија е прва западна земја што денеска почна со имунизацијата на населението.

Вакцината на Фајзер и БиоНтек треба да сечува нанајмалку од минус 70 степени Целзиусови.