Велигденско патување: Каде годинава Македонците ќе се кршат со јајца?

Следуваат Велигденските празници со тоа и споен викенд за прошетка и одмор.Претстојните празници ги распродадоа аранжманите во туристичките агенции. Во секоја агенција има понуди за сечиј џеб. Се нудат блиски и далечни дестинации. Патувања со авион или автобус, што секако ја одредува и цената на аранжманот. Најевтините стартуваат со цени од 70 евра, за некоја од блиските дестинации, патување со автобус во ноќни часови и два ноќевања. 

И годинава нема промена Грција и Бугарија остануваат на листата топ дестинации за Македонците. Најзинтересирани се за ски центар Банско.Од туристичките агенции велат дека аранжманите се продадени.Цените се движат од 80 евра за три ноќевања и вклучено се со превоз до 200 евра, во завснос од хотелот и услугата.

Цените во Грција, се од 5 до 10 проценти повисоки за разлика од минатата година, но се во границите на нормалните годишни поскапувања во таа држава.За овој голем весрки празник агенциите освен соседните земји како аранжамни со автобуси ги нудат и Азурниот брег, Будимпешта, Прага со Виена, Милано-Лугано-Комо-Верона, но и Швајцарија.

Оние кои сакаат да отпатуваат со автомобил во некоја од соседните и најблиските европски земји треба да си го подготват новчаникот за патни трошоци. Освен горивото во автомобилот, трошок за патување се патарините, меѓународна возачка дозвола која е потребана за патување надвор од Македонија.

Ова се официјалните податоци од АМСМ за вкупните суми за патарини потребни за најблиските дестинации. Сумите се во евра и се приближни, со оглед на тоа што можно е да се промениле во некои земји во меѓувреме.