Велигденски базар во ООУ „Петар Поп Арсов“ - учениците, наставниците и родителите презентираа прекрасни ракотворби и вкусни деликатеси

Со логистичка поддршка на Општина Карпош, во организација на ООУ „Петар Поп Арсов“, вчера попладне се одржа Велигденски базар во рамки на основното училиште.

„Учесниците на оваа манифестација уште еднаш ја покажаа силата на заедништвото, креативноста и хуманоста во нашата локална заедница. Со многу љубов и особена мотивација, учениците, наставниците и родителите вложија огромен труд создавајќи прекрасни ракотворби и вкусни деликатеси, кои привлекоа голем број посетители и поддржувачи“, посочија од Општина Карпош во објавата на Фејсбук.

Настанот беше дополнително збогатен со музичка соло изведба и танцувачки перформанс од талентираните ученици, кои донесоа радост и позитивна енергија.

„Општина Карпош континуирано ги поддржува ваквите иницијативи, во насока на поттикнување на ученичкиот дух, креативноста и хуманите вредности“, порачаа од Општината.