
Плоштадот во Автокоманда блесна во велигденско руво, носејќи дух на радост и надеж.
Градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски сподели видео од амбиентот на плоштадот во Автокоманда во празнично руво. Во пресрет на Велигденските празници, општината блесна со тематски декорации на кои најмногу се радуваат најмалите.
- Нека Воскресението Христово ги исполни срцата со љубов, мир и бериќет во секој дом и секое семејство, порача првиот човек на општината.