ВЕЛИГДЕНСКА ДЕКОРАЦИЈА: Бојадисате јајца на пареа (ВИДЕО)

СОСТОЈКИ:

10-15 јајца

боја во кесички (по две од секоја) црвена, сина, зелена и виолетова

1 чаша алкохолен оцет

лимена цедилка со дупчиња

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Јајцата гответе ги во вода околу 4 минути и оставете ги да се изладат.

Потоа во длабок сад ставете вода, ставете цедилка, водата не смее да влегува во цедилката.

Наредете ги јајцата, накапете од горе киселина. Ставете на шпорет за водата полека да се загрева, и на секое јајце ставете малку зелена, па сина, црвена и виолетова боја, а ако јајцата почнат да се сушат накапете уште малку оцет. Поклопете и оставете 10-15 минути, за пареата да ги исшара јајцата.

Потоа измијте ги јајцата од вишок боја и премачкајте ги со масло за да добијат убав сјај.