Велешанка пријавила дека малолетниот син ја нападнал и ѝ се заканувал

Четириесетгодишна велешанка пријавила дека нејзиниот малолетен син физички ја нападнал и ѝ се заканувал во семејниот дом.

Според информациите од полицијата, вчера, во 20:50 часот, жената го пријавила случајот во СВР Велес.

За настанот биле известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи Велес.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.