
Вчера во 13:35 часот, полициски службеници од СВР Велес извршиле службен разговор со 38-годишната А.Ј. од Велес.
Како што се наведува во полицискиот билтен, причина за службениот разговор било постапување по претходна пријава дека не ја почитувала одлуката од Основен суд Велес за забрана да го вознемирува, да му се приближува и директно или индиректно да комуницира со нејзиниот 36-годишен поранешен партнер.
Според пријавата, таа му ѕвонела на неговиот број и му пишувала пораки на социјални мрежи со заканувачка и навредлива содржина.
По целосно расчистување и документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.