Велешанка и нејзиниот сопруг биле натепани од татко ѝ и брат ѝ - употребен бил и дрвен предмет

45-годишна жена од велешко пријавила напад од страна на нејзините татко и брат, врз неа и нејзиниот сопруг.

Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера во 11:10 часот во СВР Велес, 45-годишна жена од село во велешко пријавила дека во домот, таа и нејзиниот сопруг биле физички нападнати од нејзиниот татко В.Џ.  и нејзиниот брат А.Џ., при што употребиле и дрвен предмет.

Предметот бил пронајден и одземен и се преземаат мерки за расчистување на настанот.