
Велешанец со стаклен предмет ја удрил мајка си вчера пред полноќ. Полицијата го уапси.
- На 22.07.2026 во 22:30 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Д.Ш.(42) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од неговата 68-годишна мајка дека во семејниот дом агресивно се однесувал и ја удрил со стаклен предмет. Д.Ш. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија од полицијата во дневниот билтен.