Велешанец со ќотек и со огнено оружје ограбен од две лица во скопски Центар

44-годишниот Т.М. од Велес вчера пријавил дека во скопски Центар бил насилно ограбен од две лица.

Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (30.10.2025) во 19:22 часот во СВР Скопје, Т.М.(44) од Велес пријавил дека околу 18:20 часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од две лица, кои потоа со закана со огнено оружје му одзеле пари, мобилен телефон и личен документ.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.