Велешанец пронајден мртов во својот двор, имал траги од крв по главата

Итната медицинска помош Велес вчера во 13:25 часот во СВР Велес пријавила дека во дворот на семејната куќа бил пронајден починат 63-годишниот Г.К. од Велес со траги од крв во пределот на главата.

Портпаролот на СВР Велес Биљана Ѓаковска денес информираше дека лекар констатирал смрт, увид на местото извршил јавен обвинител во содејство со увидна екипа од СВР Велес.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.