
Тешко повреден 55-годишен велешанец откако паднал од мопед.
- На 24.06.2025 околу 17.10 часот во СВР Велес било пријавено дека на локалниот пат за село Кочилари, велешко, П.С.(55) од Велес, управувајќи мопед „кимко“ со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница во Велес, информираа од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Велес.