Велешанец ќе одговара за „грабнување“ и „силување“ на малолетничка

Кривично ќе се гони 17-годишник од Велес кој „грабнал“ своја врсничка од Скопје, ја однел во својот дом во Велес и сексуално ја злоставувал. 

СВР Велес до Основното јавно обвинителство Велес поднесе кривична пријава против 17-годишник со привремено престојувалиште во Велес поради постоење на основи за сомнение за сторени две кривични дела „грабнување“, казниво по член 141 од Кривичниот законик и „полов напад и силување“, казниво по член 186 од Кривичниот законик и против К.Е.(39) и А.Е. (46-годишна), двајцата со привремено место на живеење во Велес, поради постоење на основи за сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“, казниво по член 130 ст.2 од Кривичниот законик.

Во текот на месец мај 2024, малолетникот против нејзината волја однел во својот дом во Велес 17-годишна малолетничка од Скопје, каде во текот на два месеци во неколку наврати имал сексуален однос со неа, а К.Е. и А.Е. во неколку наврати физички ја нападнале, информираа од МВР. 

 Тие биле лишени од слобода и по документирање на случајот, поднесена е кривична пријава.