Велешанец изнудувал пари со измамата со лажни сообраќајки, поднесена кривична пријава

ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против А.Д.(41) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. На 10.09.2021, пријавениот на неговата тетка телефонски ѝ кажал дека неговите родители имале сообраќајна несреќа во која била повредена и нејзината сестра и дека од болницата им побарале пари за нејзино лекување.

Таа му дала 450 евра за лекување на нејзината сестра, а откако се јавил повторно и побарал пари за лекување и на неговите родители таа се посомневала и отишла во болницата во Тетово да ги провери наводите. Откако ѝ било потврдено дека нема пациенти со такви лични податоци, случајот го пријавила во СВР Тетово.

Набргу потоа, тој бил пронајден и приведен и во службен разговор со полициски службеници изјавил дека парите ги потрошил во казино.