
Велешанец „дивеел“ во болница во скопски Карпош.
- На 10.03.2026 во 13:30 часот во СВР Скопје, од здравствена установа на подрачјето на Карпош било пријавено дека на 09.03.2026 околу 22:50 часот пациентот Б.Ш. (40) од Велес се однесувал агресивно и упатувал закани кон вработени во установата, информираа од полицијата.
Според пријавата, тој оштетил дел од инвентарот и се обидел да побегне од установата. Набргу потоа бил пронајден од полициски службеници и задржан во здравствената установа.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.