Велат дека медот со цимет е добар за вашето здравје, но дали знаете што му прави тоа на организмот?

Комбинацијата мед со цимет се користи со векови во древните традиционални кинески системи на лекување. Овие две состојки со уникатни лековити способности имаат долга историја како „домашен лек“.

Циметот е еден од најстарите зачини познати на човештвото, а популарноста на медот не слабее во текот на историјата. Етеричното масло од циметот и ензимот кој произведува водород пероксид, а кој се наоѓа во медот, ги квалификуваат овие два продукти со можности за запирање на растот на бактерии и габи.

Не се користат само за да го подобрат вкусот на пијалоци и лекови, туку и како средство за балсамирање и како алтернатива на традиционалните конзерванси поради своите ефикасни антимикробни својства.

Познато е дека медот со цимет е здрава комбинација, но дали знаете што сè всушност тие лекуваат?

Срцеви болести – Направете смеса од мед и цимет и намачкајте на леб. Овој оброк може да го јадете секојдневно како појадок. Го намалува холестеролот во артериите и го спречува срцевиот удар. Редовната употреба го намалува губењето на воздухоѕ и го зајакнува срцето. Комбинацијата на мед и цимет исто така има ревитализирачко дејство врз крвните садови.

Помага кај рак на желудникот – Пациентите кои страдаат од овој тип на рак треба да јадат лажица мед помешана со лажица цимет во прав и тоа секојдневно, три месеци.

Артритис – Додајте две лажици мед и една лажица цимет во врела вода. Ако овој напиток го пиете редовно, можете да го излечите хроничниот артритис. Болките се ублажуваат по само 2 седмици користење.

Холестерол – Помешајте две лажици мед и три лажици цимет во половина литар вода. Оваа смеса ќе ја намали количината на маснотии во крвта.

Инфекции на мочниот меур – Помешајте две лажици цимет и една лажица мед во млака вода и пијте неколку пати во неделата. Тоа ги уништува бактериите во мочниот меур.

Инфекции на кожата – Промешајте мед и цимет, смесата ставете ја на кожата која е зафатена од инфекцијата и држете ја околу 30 минути. Потоа исплакнете со топла вода.

Настинки – Оние кои патат од чести настинки треба еднаш дневно во текот на три дена да консумираат една лажица мед со ¼ лажица цимет. На овој начин ќе се ослободите од кашлањето, постојаното кивање и болките во синусите.

Рецепт за долговечност – Верувајте дека секојдневното консумирање на мед и цимет може да го продолжи вашиот живот. Мешајте четири лажици мед, лажица цимет и три шолји вода, провријте ја течноста и консумирајте ја наместо утринско кафе. Вашата кожа ќе биде мека, свежа, а и ќе го одложите настанувањето на брчки.