Веќе го нема кaруселот што беше поставен на плоштадот „Македонија“, на кејот на Вардар, како дел од проектот „Скопје 2014“

Kaруселот што беше поставен на плоштадот „Македонија“, на кејот на Вардар, како дел од проектот „Скопје 2014“, веќе го нема. Тој е демонтиран и дислоциран од бетонската кружна платформа, пренесе Слободен печат.

Демонтажата ја прават екипите на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, кои наскоро тоа ќе го сторат и со вториот карусел, сместен на просторот кај црквата „Света Богородица“ пред една година. 

– Штета што ги отстрануваат реквизитите. Беше преполно со дечиња кои се возеа на нив, особено сега кога не работи Луна паркот. Им пречеле вртелешките на минувачите и на велосипедистите. А не им пречат кафулињата што се простираат по кејот? Ова беше единственото место за забава на најмалите дечиња – вели скопјанка која објаснува дека живее во близина и дека често ги носела децата на вртелешките.