ВЕГЕТА НАТУР по рецепт на мајката природа

Широката палета на производи Вегета Натур нудат решение за секоја кулинарска авантура. Главниот јунак на оваа приказна секако е Вегета Натур - универзален додаток на јадења, кој во своите 150g што содржи 480g свеж зеленчук, без подобрувачи на вкус, без адитиви, вештачки бои или ароми.

За да им ја олесни подготовката на омилените јадења и на најпребирливите потрошувачи, Подравка ја претстави Вегета Натур на пазарот, сега во модерна амбалажа и направена по нов, подобрен рецепт. Кога Вегета Натур е во кујната, на трпезариската маса има јадења со раскошни и богати вкусови, направени на сосема природен начин, а готвењето навистина станува една од најприродните работи во светот.

Многумина ќе се прашаат која е тајната на овој производ? Нема тајна.

Вегета Натур производите се направени по рецептот на мајката природа. Тие содржат природни состојки - зеленчук растен под топлото сонце и внимателно одбрани зачини кои на сите јадења им го даваат најдобриот вкус на природата. Препознатливиот вкус на квалитет и природност го носи морската сол од островот Паг, куркумата, која е заслужна за златната боја, целерот кој дава мирис како од градина, како и другите избрани состојки.

За готвачи кои знаат што точно сакаат и како да го подготват тоа, тука се специјалите Вегета Натур кои го олеснуваат готвењето и секое јадење го прават лесно за подготовка - од крцкави компири, печен зеленчук, златно пилешко, до салата и риба. Како и остатокот од семејството Натур, тие се направени во комбинација со чистата природа и содржат само зеленчук и зачини.

 На голема врата, Вегета Натур се врати на менито. Без разлика дали во кујната играте на сигурно или уживате во импровизирање, има само едно правило - Вегета Натур. Со докажаниот квалитет на брендот Вегета и со нови и подобрени рецепти, Вегета Натур навистина ја внесува природата во секоја кујна. Сè што треба да направите е да се препуштите на богатството на вкусови и ароми и да тргнете во нова кулинарска авантура каде што ќе го препознаете најдоброто од природата во секој залак.