Вегански чоколадни коцки со авокадо

Ако е десерт, не мора да значи и дека е полн со шеќер и калории. 

Идејата за вегански чоколадни авокадо коцки воопшто не е лоша и всушност може да биде вистинско уживање за непцето на оние кои ја сакаат комбинацијата на благ и соленкаст вкус. 

Најдоброто од сè е што не се печат, а се прават за навистина брзо време. 

Потребни се следниве состојки:

180 гр урми
150 гр ореви (3/4 крупно измелени, остатокот сецкани)
Две лажици какао
Едно зрело авокадо
Кокосов крем (полна голема лажица)
Јаворов сируп за засласдување
Темно чоколадо

Подготовка:

Направете ја основата од урмите, оревите и какаото. Изблендирајте ги заедно урмите, мелените ореви и какаото, а потоа додајте ги сецканите ореви. Оваа смеса нанесете ја во тава обложена со хартија за печење. 

Слојот треба да биде дебел помалку од еден сантиметар. Ставете ја тавата во замрзнувач. 

Авокадото, кокосовиот крем и јаворовиот сируп исто така изблендирајте ги, додека да добиете мазна смеса. Премачкајте врз основата од урми и вратете во замрзнувач.