Вечни македонски ривали – снаа и свекрва

Ривалството помеѓу снаата и свекрвата постоело уште многу одамна. Не само во Македонија туку секаде ширум светот. Во сите култури и традции. Во Македонија е се уште поизразено бидејќи уште постојат брачни парови кои живеат во заедница со семејството на сопругот, односно со свекрвата.

Снаата и свекрвата имаат само една заедничка работа. Синот, односно сопругот. Безусловно го сакаат и едната и другата, но на сосема поинаков начин.

Мајките не можат некогаш да се помират со фактот дека нејзиниот син повеќе не бара се од неа, не зависи од неа, туку сега до него има друга личност, која ќе се грижи.

Жената пак, сопругата, не може да се помири со фактото, нејзиниот сопруг постојано да се врти и да биде буквално залепен до својата мајка.

И тука почнува ривалството и препукувањето. Која ќе го сака повеќе. Која ќе го чува повеќе. Која ќе му дава поголемо внимание.

Кога на свет ќе дојдат децата, обично свекрвите, односно бабите постојано се тиа кои велат дека нивната мајка не знае да се грижи за нив и да ги чува како требе, но затоа баба е тука.

На препукувањата им нема крај.

Денеска младите парови многу често се одлучуваат да живеат сами, откако ќе стапат во брак. Сами да и градат една иднина. Да си го живеат животот онака како тие што ќе посакаат без никој да им се меша.

Свекрвите и тука често знаат да реагираат, сметајќи дека снаата е таа која синот и го дели од семејството. Како претходно можел да живее со нив, а сега сака да е сам со неа.

Во секој случај, да бидете смирена и една и друга, треба да се смирите со фактот дека љубовта кон него, од вашата страна не може да биде иста.

И како и да е, вие го избравте него, за ваш партнер, и сопатник во животот, а не неговите родители.