Вечна дилема: Дали сексот има сличен ефект како и вежбањето?

Потењето и трошењето калории во креветот е омилена физичка активност на многумина. Но, може ли тоа да има ист или сличен ефект како и вежбањето?

Факт е дека сексот, покрај уживањето кое ни го носи, има и многубројни ефекти како и вежбањето. Многу истражувања покажуваат дека сексот го забрзува дишењето, биењето на срцето и крвниот притисок. Сето тоа е показател, како и активното тело за време на тренинзите. Една од најновите студии покажува дека нашето тело за време на сексот работи 75 % како и кога вежбаме. Тоа што е уште подобро е дека нивото на стрес се намалува многу повеќе за време на сексот, отколку за време на вежбањето.

Сепак, она што треба да се знае е дека сексот не трае доволно долго како вежбањето и за некои луѓе не е толку чест и со воспоставен ритам како и вежбањето, како физичка активност.  Затоа, или треба да го практикувате почесто, или пак да го комбинирате со редовните физички активности за најдобри резултати.

Најдобрите решенија ќе произлезат од вас самите.