Вечерва во Музеј на Скопје настап на мандолинскиот квартет „Da Capo“ од Сплит

Вечерва со почеток во 20.30 часот во Музеј на град Скопје, ќе се одржи концерт на мандолинскиот квартет „Da Capo“ од Сплит, Хрватска (Ивана Кенк Калебиќ, Стела Иванишевиќ, Томислав Калебиќ, Стипан Поповиќ).

Мандолинскиот квартет „Da Capo“ од Сплит, е формиран во септември 1997година под името Мандолински квартет „Сплит“ со уметничкиот директор, денес за жал, починатата Марина Катунарича, најголем музички педагог и едукатор на мандолинската „жица“ во регионот на Далмација. Во октомври истата година учествува на Меѓународниот мандолински фестивал на „GiacomoSartoti“во Али (Италија), каде остварува извонредни резултати. По враќањето, квартетот продолжува со функционирање под ново име „Da Capo“.

На публиката за прв пат и се претставија во декември истата година, по што следеа концерти во катедралата Св. Дује, Пинакотеци на Пресвета Богородица, фоајето ХНК – Сплит, во Сутиван, Супетар и Бол на Брач, во Трогир, Макарска и Башка Вода.

Утре вечер пак, со концерт на Камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија „Саша Николовски – Ѓумар“ со диригент Олег Кондратенко, со почеток во 20:30 часот на Факултетот за ликовни уметности – Сули ан, ќе се одржи свечено затворање на „Скопско лето“ 2018.