Вечерва во МОБ: Премиера на балетот “Ана Каренина“

Во Македонската опера и балет, вечерва (25 декември) со почеток од 20 часот премиерно ќе се изведе балетското дело во два чина „Ана Каренина“, според истоимениот роман на Лав Толстој, а на музика на Петар Илич Чајковски.

Кореографијата е на Лео Мујиќ од Хрватска, а диригент е Бисера Чадловска.

Ликот на Ана Каренина ќе го игра Мими Поп Алексова-Атанасовска. Во ликот на Вронски ќе настапи Бобан Ковачевски, Каренин ќе биде Васил Чичијашвили. Сценографијата е на Михајло Стојановски и Сашо Стојановски, костимографијата на Александар Ношпал.

“Балетот ‘Ана Каренина’ претставува симбиоза на два руски великана од класичната литература и музиката која е преточена во современа претстава од 21 век, а сепак во класични рамки и со богата балетска лексика“, истакнаа од МОБ.

air max 90 essential sale