Вечерва во Маџари голем хуманитарен концерт за младиот Никола

Денеска (среда), во спортската сала Методија Андонов Ченто, во ООУ „Наум Наумовски Борче“ во скопската населба Маџари, ќе се одржи голем хуманитарен концерт за младиот Никола. 

Концертот е со почеток во 19 часот, а ќе настапат Ламбе Алабаковски, ДНК, Пајак, Бојана Скендеровски и уште голем број други познати музички имиња. 

Влезниците ќе се продаваат на влезот, а собраните средства ќе бидат наменети за лекување на Никола кој наскоро го започнува лекувањето против агресивниот тумор во Турција.