Вечерва во Аеродром „Летно интермецо“ со „Тринити стрингс“

Вечерва во паркот под светилки (новиот зелен сквер во близина на слаткарницата „Палма“) во општина Аеродром од 21:00 до 22:00 часот ќе се одржи мини-концерт на гудачкото трио „Тринити стрингс“.

Концертот го организира Општина Аеродром во соработка со Здружението на естрадни уметници (ЗЕУМ) со цел граѓаните да се анимираат во летниот период и да се промовира македонската музика.

Аеродромци веќе имаа можност да ја слушнат музиката на членките на триото, атрактивните виолинистки Ирена Стојановска и Александра Мирсинова и виолончелистката и вокал Марта Куч, инаку вработени во Македонската опера и балет, минатата година за време на локдаунот кога настапија во живо на покривот на една од висококатниците на Џевахир.

Очекуваме многу енергија и позитивна атмосфера од утрешната комбинација на електронска и дип хаус музика со класични инструменти, како единствена во нашата држава, велат организаторите.