
Вечерва, во 18 часот, во центарот на Скопје, ќе бидат запалени празничните светилки.
Како што најави град Скопјепразничната магија се враќа на плоштадот „Македонија“. Со богата програма, украсен амбиент и изненадувања за сите генерации, главниот град ќе го одбележи почетокот на новогодишните и божиќните прослави.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски упати покана до сите скопјани да бидат дел од заедничкото палење на празничните светилки, закажано за денеска.
Во неговата порака стои дека празниците се време кога градот треба да свети од радост, насмевки и заедништво:
„Нашиот град е најубав тогаш кога свети од радост, насмевки и празнична магија. Сите ние ја заслужуваме таа топлина што ја носат празниците. Затоа, со огромна радост ве поканувам заедно да го означиме почетокот на едно ново празнично поглавје исполнето со забава, музика, многу подароци и омилени херои кои ќе ги израдуваат најмалите.“