Вечерва уште една сообраќајка: Патниот правец Гостивар – Тетово затворен за сообраќај

Од АМСМ известуваат дека од 21 часот сообраќајот на патниот правец Гостивар – Тетово, кај клучката кај Камењане, е во прекин поради сообраќајна незгода.

Претходно, Скопје Инфо информираше дека три лица загинаa, а едно е пренесено во болница во друга сообраќајна несреќа што се случила доцна попладнево на регионалниот пат Маврови Анови – Дебар.