Вечерва: Тешка сообраќајка во Хром, повреден мотоциклисти

Тешка сообраќајка незгода помеѓу моторно возило Volswagen up со гостиварски таблички и моторицкл со скопски регистарски таблички се случи вечерва на улицата „Васил Чакаларов“ во населбата Хром. Сликите од терен покажуваат скршени и расфрлани делови од мотоциклот. 

Првичните информации на очевидците говорат дека во сообраќајна незгода со телесни повреди се здобило лицето кое го управувало мотоциклот.

Сообраќајот се одвива отежнато, а полицијата во моментов врши увид на местото на настанот.