Вечерва собир за спас на Универзална сала

Пред платото на Универзална сала вечерва во 20 часот ќе биде одржан собир во знак на револт откако во јавноста излезе информацијата дека истата ќе биде срушена на на нејзино место ќе биде изграден парк.

На 11 август – четврток, во 20 часот пред платото на Универзална сала, да бидеме солидарни за срцето на Скопје. Придружете се на собирот за Универзална сала, да не дозволиме да исчезне овој белег на Скопје.

Ова е повикот на јавниот настан креиран на Фејсбук, а кој доаѓа по изјавите на градоначаникот на Град Скопје, Петре Шилегов за рушење на Универзалната сала и нејзина изградба на нова локација.

Собирот ќе се одржи под мерките на заштита, се апелира сите оние кои ќе присуствуваат да ја запазат физичката дистанца и носат заштитни маски.

 

По бурните реакции на социјалните мрежи од страна на граѓаните кои се противат на ваквиот предлог, Универзална сала да се сруши, се огласија и бројни македонски музичари и пејачи кои децидно сметаат дека местото на Универзална, која е симбол на Скопје, треба да остане исто, но истата да биде реновирана.

Настанот првично беше закажан да се одржи на 6-ти август, но поради временските прилики истиот е одложен за денеска.