Вечерва Саша Ковачевиќ со настап во Гази Баба

Вечерва сите патишта водат кон скопска Гази Баба, поточно кон плоштадот Автокоманда. 

Познатиот српски пејач и миленик на македонската публика Саша Ковачевиќ ќе биде главна ѕвезда на манифестацијата „Вкусовите на Гази Баба” закажана за вечерва (петок), на плоштадот Автокоманда во скопска Гази Баба. 

- Скопје и Гази Баба се спремни за најдобрата забава. Ова ќе биде настан за кој долго ќе се зборува. Заедно ќе испишеме историја, порача градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски на својот фејсбук профил каде сподели и видео-најава од самата ѕвезда Ковачевиќ.

- Ве очекувам и се радувам на нашата дружба, порача во краткото видео популарниот српски пејач. 

Неговиот настап е закажан за во 22 часот.