Вечерва „САФ“ со концерт во Станица 26

Легендарните „САФ“ вечерва ќе одржат концерт во Станица 26. Ќе приредат хип-хоп вечер, а сите заинтересирани може да добијат бесплатни карти „Нетавил“, а како единствен услов е да се покаже оригиналниот албум („Сафизам“) или карта од концертите од 2001 до 2015 година. 

Заинтересираните тоа треба да го сторат до 20 часот.