Вечерва пукање во близина на Скопската чаршија, неофицијално едно лице е повредено

Едно лице е повредено во пукање во близина на Скопската чаршија, пренесува телевизија Алфа. 

Инцидентот се случил околу 22:15 часот во едно кафуле во близина на „плоштадот Скендербеј“. Мотивите на настанот сè уште не се познати. Полицијата веднаш излегла на лице место и го истражува случајот.

Подетални информации за овој инцидент се очекуваат утрешниот ден.