Вечерва почнува „Вино фест“ на паркингот кај ТЦ Веро

Вечерва од 19 часот почнува годинешниот „Вино фест“ кој има за цел да ги промовира македонските винарници и нивните вина, со што ги стимулира домашните бизниси и ја поддржува економијата.

Настанот започнува со диџеј сет на познатиот Драган Б. Костиќ, а ќе настапат фолк пејачот Миле Кузмановски и артистот и забавувач Игор Џамбазов. Втората вечер ќе ја отвори диџеј Гуардиан, а по него ќе настапат битолската група „Фолтин“ и Владо Јаневски. Последната, саботна вечер е резервирана за сет на диџеј Боби, како и за настапите на Наум Петрески и „Амадеус бенд“.

Најновото издание на „Вино фест“ ќе овозможи уживање во вината на винарниците „Тиквеш“, „Бовин“, „Стоби“, „Далвина“, „Пивка“ и „Вардарска долина“, како и во пијалоците на Прилепска пиварница. Ќе има и гастрономска понуда обезбедена од „ЛЛ кетеринг“, „Златиборац“, „Лоренцо“, „Президент“, „Књаз Милош“, „Аква вива“ и апетисани „Џамбо“.