Вечерва почина ресенчанецот за чие оздравување се бараше крвна плазма

На 40-годишна возраст, вечерва во скопската градска болница 8-ми септември почина ресенчанецот кој боледуваше од Ковид19, а за чие заздравување на социјалните мрежи за бараше крвна плазма. Оваа вест вечерва беше споделена во една од групите на социјалните мрежи, каде членуваат жителите на Ресен и Преспа. 

„Се боревме колку што можевме, ни требаше затоа што беше прекрасен човек, спортист и активист, секогаш насмеан, весел,с екогаш дружељубив. Не успеавме да ја победиме опаката болест. .Жалоста е многу голема пријателе и секогаш ќе бидеш во нашите спомени“, се вели последниот поздрав објавен во групата. 

Инаку, докторот Мирослав Бошковски деновиве донираше крвна плазма за да го спаси животот на четириесетгодишниот пациент од Ресен, кој беше споделуван деновиве на социјалните мрежи, соопшти министерот за здравство Венко Филипче. Но, веројатно крвната плазма не била доволна за зачувување на овој млад живот.