Вечерва концерт по повод 50 години Женски младински хор при МКЦ

Во Младинскиот културен центар вечер ќе го одржат завршниот концертот по повод прославата на големиот јубилеј – 50 години Женски младински хор – МКЦ.

Женскиот младински хор, потекнува од детскиот хор Развигорче, кој е основан 1972 година заедно со самата институција. Со тоа, МКЦ во свое време покажал дека го негува музичкиот аматеризам од самите почетоци, со прераснување во ансамбли кои денес се денес крунисани со огромен број на признанија и награди кои им носат трајна меѓународна афирмација.

На програмата се композиции од Моцарт, Бритн, Чилкот, Шуплевски, Запров, Скаловски, Стојков, Димчевски и други.

Освен сегашниот состав на ЖМХ и диригентот Сашо Татарчевски, на концертот за учество веќе се пријавија и голем број хористки кои пееле во составите на хорот од неговото формирање па се до минатата година, како и поранешни раководители на истиот.

Влезот за концертот е слободен, поканети се сите кои би сакале заеднички да ја прослават оваа исклучително успешна и активна јубилејна година на брендот на МКЦ – Женски младински хор.