Вечерва концерт на „Танец“ во Филхармонија

Концертот на Ансамблот за народни песни и игри на Македонија „Танец“ најавен за вечер во рамки на фестивалот „Скопско лето“ ќе се одржи од 21 часот во Камерната сала на Филхармонијата, наместо на отворено во Сули ан, поради најавата за врнежи и невреме, соопшти Дирекцијата за култура и уметност-Скопје.

„Танец“ ќе одржи вокално-инструментален концерт насловен „Мелем песна“, на кој ќе настапат оркестарот, хорот и солистите на ансамблот.