Вечерва ќе се врши третото терестично прскање против возрасни форми на комарци

Општина Илинден ги извести своите жители дека вечерва со почеток во 22:30 часот, ќе се изврши третото терестично прскање против комарци (адултицидна дезинсекција) за уништување на возрасни форми на комарци.

Акцијата ќе се реализира согласно Програмата за заштита на населението од заразни болести на подрачјето на општина Илинден за 2026 година.

Теристичкото прскање против комарци ќе се спроведува со УЛВ ладно замаглување од специјално возило.

„Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите“, посочија од Општина Илинден.

Ако временските услови не го дозволат теристичкото прскање, тоа ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.