Вечерва граѓанска дебата во Бутел за заедничко креирање на Буџетот 2025

Од општина Бутел ги покануваат жителите денеска со почеток од 18:00 часот во големата општинска сала да учествуваат во заедничко креирање буџетот на општина Бутел за 2025 година.

-Вашите предлози, вашите идеи, решенија, сугестии за подобра, модерна и стабилна Општина Бутел ќе бидат дел од проектите за новиот буџет за 2025 година. Со цел поголема вклученост на граѓаните и оваа година имаат можност за дополнителна комуникација. Тимови организирани од Општина Бутел ги посетуваат сите домаќинства, соопшти градоначалникот Костовски. 

Секој граѓанин, сопствените предлози и идеи може да ги достави и преку: архивата на општина Бутел, на телефонскиот број +389 75274421 и на меилот info@opstinabutel.gov.mk

- Заедно да ја создадеме иднината! Заедно да донесеме одлуки за приоритетите во населените места! - дециден е Костовски.