Вечен проблем во Скопје: Автомобилите на тротоар, пешаците на улица

Никако да се реши вечниот проблем на скопјани. Автомобилите на тротоар, пешаците на улица... 

Низ Скопје се паркира кој каде стигне. Колони возила стојат паркирани на улици, булевари, тротоари, на најпрометните места во градот, а парковите и тревниците се претворени во паркинзи. На тротоарите се паркирани возила, а пешаците, родителите со детски колички и лицата со попреченост мора да одат среде улица со сериозни ризици по нивната безбедност.

Од полицијата велат дека казнуваат, но сликата на улиците низ градот кажува нешто сосема друго.

На дел од булеварите Град Скопје постави столпчиња за да не можат возилата да се паркираат на пешачките патеки, но тоа не го реши проблемот со непрописно паркирање. Сега возилата слободно си се паркираат на булеварите особено на местата каде има кафулиња.

Од Министерството за внатрешби работи тврдат дека постојано преземаат мерки за решавање на овој проблем, на сликата покажува нешто сосема спротивно. 

Таква е сликата за Скопје и сообраќајната култура на граѓаните. Одметнатите „шерифи“ од владеењето на правото се надмоќни над „пајаците“ и обичните граѓани. За нив „Не паркирај, бушам гуми!“ е само смешен графит!