Ве водиме на прошетка низ претседателската палата на Водно

Официјалното работно место на Претседателот на Република Македонија е вилата Водно

Таа е составена од стар и нов дел.Објектот се состои од приземје и кат на повеќе нивоа, и има околу 2.500 метри квадратни корисна површина.Вилата Водно има приземје и кат кој е на повеќе нивоа. 

Стариот дел кој е реновиран е остаток од некогашна државна вила која во минатото ја користеле функционери, а новиот е граден во периодот 2004 - 2008 година за што се потрошени околу пет милиони евра.

Во вилата, освен канцеларијата на претседателот има посебни работни простории за неговите служби, како и посебни простории за состаноци и приеми. Во просториите за состаноци и приеми ѕидовите се украсени со уметнички слики од познати македонски уметници, како и мозаици изработени од Глигор Чемерски.

До вселувањето на претседателот, вилата била нарекувана „Вила Анекс“. 

За да направите виртуелна прошетка низ овој објект одете ОВДЕ.