Ве потсетуваме на ретро-автобусите на ЈСП

За ЈСП многупати сме чуле дека е крвотокот на Скопје, а тој статус го „ужива“ веќе со децении.

Отсекогаш автобусите на скопското Јавно сообраќајно претпријатие се со карактеристична црвена боја, а се менуваат само возилата. 

Иако во моменталниот возен парк има доста стари возила, во најголем дел е обновен, но црвената боја остана и понатаму.

Твитер-профилот „Скопски времеплов“ нè потсети на неколку ретро-модели од минатото на Скопје.