Вчера во СВР Скопје повеќе пријави за физички напади

Во текот на вчерашниот ден до СВР Скопје пристигнале повеќе пријави за физички напади во одделни случаи. 

Вчеравечер во СВР Скопје, Т.К.(60) од Скопје пријавил дека на подрачје на Карпош бил физички нападнат од В.Ш.(39) од Скопје. Сочинет е записник за констатиран прекршок од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Во друг случај во СВР Скопје, Б.М.(44) од с.Љуботен, скопско, пријавил дека околу 21.20 часот на автобуска постојка на подрачје на Чаир неговиот малолетен син бил физички нападнат од Ј.М.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 На 20.09.2021 во 11.38 часот во СВР Скопје, А.Ш.(38) од Скопје пријавил дека на 17.09.2021 околу 11.55 часот во близина на маркет на подрачје на Бит Пазар, по претходна расправија, бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 20.09.2021 во 15.00 часот во СВР Скопје, А.М.(18) од с.Арачиново, скопско, пријавил дека околу 14.00 часот во автобус кој сообраќал на подрачје на Бит Пазар бил физички нападнат од четири лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.