Вчера во Скопје МВР издало 151 сообраќајна казна

Констатирано е дека 49 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 27 возачи од кои: тројца возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол и 24 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило.