Вчера во Скопје два одвоени пожари предизвикани од запалени автомобили

Вчера на подрачјето на Скопје се случиле два одвоени пожари предизвикани од запалени автомобили. 

Од МВР вчера информираа дека, околу 03.10 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на подрачје на Карпош настанал пожар во патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на фирма од Скопје. Според информациите на полицијата од пожарот биле зафатени и возило „голф 4“ со штипски регистарски ознаки и дел од фасада и еден прозор од стан. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, а повредени лица нема. 

Во населбата Аеродром вчеравечер околу 19 часот се запалил автомобил на паркинг во близина на станбена на улицата „Методија Шаторов Шарло“, а во гаснењето на пожарот интервенирале од противпожарната единица на град Скопје.

Според очевидци пожарот предизвикал паника и вознемиреност кај станарите во станбената зграда. 

Владимир Симоновски, командант на противпожарната единица во Скопје, за МИА вчера изјави дека не постоела опасност за жителите во зградата, како и дека по брза реакција состојбата била веднаш регулирана.