Вчера високо ниво на загаденост на воздухот во Карпош и Лисиче

Мерните станици во скопските општини Карпош и Лисиче вчера вечер покажуваат многу високо ниво на загадување на воздухот каде што се чувстува смрдеа на запалено.

Канцерогените ПМ10-честички во Карпош достигнаа 222 микрограми на еден кубен метар, а во Лисиче 229 што е за речиси пет пати повеќе од дозволените 50 микрограми на метар кубен.

Многу високо ниво е измерено и на ПМ2,5 честичките каде во Карпош достигнаа 180 микрограми на кубен метар што е за 9 пати повеќе од дозволените 20 микрограми. Во Центар нивото на овие честички достигна 90 микрограми.

Високо ниво на аерозагадување има во Центар каде што се измерени 133 микрограми на кубен метар, на мерната станица Ректорат измерени се 113 микрограми, во Битола каде мерната станица покажува 106 микрограми, во Кичево 151, во Тетово 105 и во Кавадарци 158 микрограми на кубен метар.

Средно ниво на загадување има во Гази Баба каде што се измерени 59 микрограми и во Куманово каде мерната станица покажува 66 микрограми канцерогени честички.

cheap nike free run 5.0