Вчера повторно се протестираше за правда за малата Јана која почина пред две недели

Битолчани синоќа повторно, по втор пат протестираа на плоштадот “Магнолија“ во Битола по смртта на малата Јана, која пред две недели почина во Клиничката болница во Битола, искажувајќи го уште еднаш нивниот револт.

Пред присутните се обрати Игор Петковски, организатор на протестот и кум на Јана кој пред загрижените сегашни и идни родители рече:

-Благодариме што уште еднаш сочуствувате со голготата и неизмерната болка на семејството Христовски и од нивно име во се заблагодарувам. На точно две недели од прераното напуштање од овај свет на нашата малечка и непреболена Јана од битолското село Кравари, ние како загрижени роднини, пријатели познаници, граѓани од Битола и од цела Македонија не можеме, а да не чуствуваме јад во нашите души за многуте нејаснотии и недадени одговори од институциите. Вистината не е ни навидум на виделина, а по се очигледното замајување на јавноста и скривувањето од правата вистина кој би се поклопила со исказот на родителите на Јана за таа кобна среда во битолската болница точно пред две недели. Сомнежот е во институциите, а фактите кои сакаат да ги искриват нема да дозволиме да има поминат!

-Бараме одговорност! Бараме правда! Доста е од се! Реформи и оставки. Од од ова место пред очи на целата македонска јавност бараме јавен настап на сите членови од првата комисија на ДСЗИ и втората како стручен испекциски надзор и да дадат одговори за сите нејаснотии нае дна од националните телевизии во живо, побара Петковки.