Вчера над 250 сообраќајни санкции во главниот град

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (10.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 264 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 88 санкции, 18 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за возач почетник.

Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за некористење сигурносен појас, три мерки за возење под дејство на алкохол, седум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)...

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, потестуваат од МВР.