Вчера казнети 130 возачи во Скопје

 На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 130 санкции, меѓу кои за возење без возачка дозвола 10 казни, 10 мерки за возење под дејство на алкохол, четири санкции за возач почетник, 11 мерки за користење мобилен телефон при возење…

Министерството за внатрешни работи информира дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.